Линкови за пристапност

Неизвесна разврската меѓу „Епл“ и Владата


„Епл“ тврди дека доколку софтверот на паметниот телефон падне во погрешни раце, безбедноста на корисниците на производите на компанијата, ќе биде доведена во опасност

Гигантот „Епл“ од федералниот судија побара да ја смени судската наредба компанијата да му помогне на Еф-Би-Ај да го дешифрира софтверот на паметниот телефон користен од напаѓачите во Сан Бернандино, Калифорнија.

„Епл“ го отфли владиното барање да креира нов софтвер којшто на истражителите би им помогнал да го пробијат телефонот на Саед Ризван Фарук, кој заедно со неговата сопруга го изведе минатогодишниот напад во кој загинаа 14 лица.

„Епл“ воедно тврди дека доколку софтверот падне во погрешни раце, безбедноста на корисниците на производите на компанијата, ќе биде доведена во опасност.

XS
SM
MD
LG