Линкови за пристапност

Епл со рекорден профит


Епл со рекорден профит

Епл со рекорден профит

Гигантската технолошка компанија со седиште во САД, Епл, постигна рекордна продажба и профит со напливот на барања за нивните АјФон и АјПед.

Епл вели дека имал 13 милијарди долари профит на 46 милијарди продажба само во последните три месеци на 2011, еден од најпрофитабилните тримесечја на компанијата. Профитот на Епл ја надмина тоталната заработувачка за тримесечјето на популарниот интернет пребарувач Гугл.

Од минатиот август, Епл и меѓународниот енергетски конгломерат Ексон Мобил си конкурираат како најголема американска компанија засновано на вредноста на нивните акции на пазарот.

Продажбата на Епл од октомври до декември надмина и друга американска компанија, Хјулит-Пакард, како најголем компјутерски производител. Ова беше прв финансиски извештај на Епл по смртта на основачот на фирмата Стив Џобс.

XS
SM
MD
LG