Линкови за пристапност

Апликација за следење на Дедо Мраз!


Мобилна апликација за следење на Дедо Мраз
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:45 0:00

Мобилна апликација за следење на Дедо Мраз

Сега можете да дознаете, благодарејќи на неколку нови апликации за Вашиот паметен телефон и интернет страници.

Дали Дедо Мраз ќе дојде во Вашиот град овој Божиќ?

Со употреба на радар, сателити па дури и борбени авиони, американската армија ќе го следи движењето на Дедо Мраз од Северниот Пол до домовите низ целиот свет.

www.noradtrackingsanta.org
www.noradtrackingsanta.org

Заинтересираните можат да ја добијат оваа информација со посетување на интернет страницата на Северно-американската воздушна команда за одбрана, позната и како НОРАД – Санта или со превземање на апликацијата за НОРАД-Санта на вашиот паметен телефон.

„Корисниците на апликацијата или доколку појдете на веб-страницата, ќе ја видите мапата за следење на движењето на Дедо Мраз на 24-ти декември и во раните часови на 25-ти декември. Ќе може да се види кои се` локации Дедо Мраз ги посетува низ светот“, објаснува Стејси Нот, Портпарол на НОРАД-Санта.

Сега можете на пример да го следите Дедо Мраз во Германија, кадешто најверојатно ќе дели слатки на деца во воз...

Или замислете го како скија со неговите пријатели на планина во Меин.

Но, не значи дека ако можете да го следите неговото движење, треба да останете будни цела ноќ и да го чекате да се појави во вашиот дом.

„Тој нема да дојде во вашиот дом ако не сте во кревет и спиете. Ќе си отиде. Затоа треба да си легнете и заспиете“, вели Стејси Нот.

Оние луѓе коишто не се технички потковани можат да се јават на телефон во НОРАД-Санта оперативниот центар. За време на обиколката на светот на Дедо Мраз ќе има специјален систем на кој ќе работат волонтери и ќе одговараат на телефонски повици од целиот свет, посакувајќи честит Божиќ.

XS
SM
MD
LG