Линкови за пристапност

Орангутаните во Вашингтон со ајпед


На група орангутани во Националната зоолошка градина во Вашингтон им е претставен дел од технологијата за луѓе – ајпед.

Ајпедите биле дадени на зоолошките како дел од програма дизајнирана за стимулирање на животните.

Чуварите во зоолошката градина во Вашингтон велат дека електронските таблет компјутери им дозволуваат на мајмуните да свират музика и да креираат слики во боја, како и да гледаат слики на други животни.

Апликациите исто така биле користени за произведување звуци на животни на кои мајмуните не можеле да бидат изложени на друг начин, како звуци на свињи и папагали.

Чуварите во зоолошката градина велат дека дури користеле програми на Скајп, што им дозволуваат на орангутаните интеракција со орангутани од други зоолошки градини.

Чуварите ја студираат интеракцијата да видат дали мајмуните препознаваат животни со кои можеби живеле во други зоолошки.

Националната зоолошка градина во Вашингтон е една од неколкуте што се дел од програмата „Apps for Apes“ започната од непрофитната Orangutan Outreach organization.
Орангутаните во Вашингтон со ајпед
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:57 0:00
XS
SM
MD
LG