Линкови за пристапност

Клучен демократ соопшти дека е против договорот со Иран


Сенаторот Чак Шумер му се приклучи на конгресменот Елиот Енгел, двајцата од Њујорк, во опонирање на пактот поддржан од претседателот Обама.

Напорот на американскиот претседател Барак Обама да го продаде иранскиот нуклеарен договор на скептичниот Конгрес доби сериозен удар кога еден од најсилните сојузници на претседателот, сенаторот Чак Шумер, се изјасни дека е против пактот.

„По длабоко студирање, внимателно размислување и значително себепреиспитување, речив дека морам да се спротивставам на договорот и ќе гласам „за“ по актот за неодобрување“, кажа сенаторот Шумер во изјава од четвртокот.

Шумер, сенатор од државата Њујорк и еден од врвните еврејски законодавци во САД, ја објави изјавата кусо време откако друг влијателен еврејски демократ, конгресменот Елиот Енгел, исто така од државата Њујорк, ја објави својата опозиција на договорот.

Државниот секретар Џон Кери, еден од архитектите на нуклеарниот договор, кажа дека е „длабоко разочаран“ со одлуката. Отфрлањето не е политика на иднината“, рече Кери на прес конференција во главниот град на Виетнам, каде ја привршува турнејата низ Југоисточна Азија.

Се` поголема е веројатноста дека американските законодавци ќе го усвојат предлог законот за отфрлање на нуклеарниот договор кога ќе се вратат од одмор во септември. Претседателот Обама вели дека ќе стави вето на таа одлука, но му треба поддршка од неговите демократи за да го одржи ветото.

XS
SM
MD
LG