Линкови за пристапност

Анонимус се заканува со хакерски напад

Група хакери, познати како Анонимус велат дека му објавуваат „тотална војна“ на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп.

Во видео објавено на 4-ти март таинствената група вели дека претседателската кампања на Трамп е „длабоко вознемирувачка“.

„Вашата неконзестентна и кампања на омраза, не само што ги шокира САД туку ја шокира и целата планета со постапките и идеите“ вели маскиран маж со глас на робот. „Вие не се залагате за ништо друго освен за сопствената алчност и моќ. Ова е повик за вооружување.“

Групата, својата кампања против бизнисменот со недвижнини Доналд Трамп ја нарекува #OpTrump , велејќи дека ќе започне на 1ви април, кога се слави денот на шегата во САД.

Групата вели дека нивната работа ќе вклучува упад во неколку интернет страници поврзани со Трамп, вклучувајќи ја и неговата официјална интернет страница DonaldJTrump.com

Анонимус направиле упади кај Трамп и порано.

Минатиот декември, како реакција на повикот на Трамп за забрана на влез на муслимани во САД, групата ја урна интернет страницата Trump Tower New York и протече гласовни пораки, објави весникот Телеграф.

Групата вели, упадот на 1-ви април ќе биде уште поголем.

Од кампањата на Трамп нема коментар.

XS
SM
MD
LG