Линкови за пристапност

Интерпол уапси членови на хакерската група Анонимни


Интерпол уапси членови на хакерската група Анонимни

Интерпол уапси членови на хакерската група Анонимни

Глобалната истражна агенција Интерпол вели дека 25 осомничени членови на група за кибернетски напади Анонимни биле уапсени низ Европа и Јужна Америка.

Агенцијата апсењето го објави во вторникот. Осомничените меѓу 17 и 40 години возраст биле уапсени како дел од широка акција што започнала кон средина на февруари. Властите исто така заплениле околу 250 предмети од компјутерска опрема и мобилни телефони во 15 градови.

Четворица осомничени членови на лабаво поврзаната група се уапсени во Шпанија, каде биле обвинети за обезличување на веб-страници на политички партии, изведувајќи напади со кои страниците биле неупотребливи и објавување на лични информации за полицијата со задача за чување на фигури од висок профил. Еден од уапсените е осомничен за раководење со компјутерските операции во Шпанија и Јужна Америка.

Други наводни членови на Анонимните биле приведени во Аргентина, Чиле и Колумбија.

Анонимните добија на популарност во 2010 откако нападнаа веб-страници кои работеле против Викиликс, група што објави голема количина американски дипломатски класифицирани документи.

XS
SM
MD
LG