Линкови за пристапност

Дневникот на Ана Франк резонира и по 75 години


Kнигата од записите на девојчето што не го преживеа Холокаустот е преведена на 67 јазици и е еден од 35-те предмети вклучени во регистерот на светското сеќавање на УНЕСКО.

„Се надевам дека ќе можам да ти кажам се` што никогаш не сум можела да кажам никому, и се надевам дека ќе ми бидеш извор на поддршка и комфор.“

Ова е првиот запис во Дневникот на Ана Франк. Таа го напишала на 12-ти јуни, 1942 на нејзиниот 13-ти роденден. Во тој момент, била нормална тинејџерка која живеела со своето семејство во Холандија, а се преселиле од Франкфурт по падот на Хитлер. Ова бил и еден од последните записи во дневникот на Ана Франк како безгрижна тинејџерка. Помалку од еден месец подоцна, на 5-ти јули во 1942 година, нејзиното семејство е повикано за депортација во концентрациониот логор Вестерборк.

„Почетокот на дневникот на Ана пред точно 75 години и она што таа го напиша во првата недела, беше последниот доказ за нормален живот. Пријатели, планови, просперитет“, вели Една Фридберг, кустос од Народниот музеј на холокаустот во Вашингтон. „Во истиот момент Ана се најде во свет на кошмар. Физички исчезна“.

Токму така, исчезна во една куќа во Амстердам. Зградата Опекта стана засолниште за семејството на Ана и уште неколку други Евреи. Се криеле во простор од 46 квадратни метри зад врата маскирана како библиотека. Таму, Ана пишувала писма до измислена пријателка, Кити, за сето она што ја загрижувало: нејзината врска со нејзините родители, нејзината прва љубов, храната, насилството на улиците.

Примо Леви, кој го преживеал Холокаустот напишал дека постои должност да не се разбира Холокаустот, „бидејќи да се разбере ќе значи да се оправда.“ Тој вели „Ако разбирањето е невозможно, тогаш знаењето е императив, бидејќи она што се случило еднаш може да се случи повторно.“ Дневникот на Ана Франк не` потсетува на застрашувачката вистина.

„Често во вечерните часови, во темнината, гледам колони на невини луѓе кои пешачат, водени од војници, кои ги тепаат и да ги измачува додека не паднат на земјата“, пишува Франк. „Никој не е поштеден: стари лица, деца, болни, бремените жени – сите се соочуваат со смртта... Тоа е страшно чувство одеднаш да се почувствуваш како вишок.“

Дневникот на Ана Франк стана еден од 35-те предмети кои се влезени во Меморијата на Светскиот регистер, листа на светското наследство на УНЕСКО. Моментално, книгата е преведена на 67 јазици. Секој модерен ученик знае за еврејското име на тоа девојче.

Ана последниот запис во книгата го напишала на 1-ви август 1944 година. Секој кој се криел во таа зграда бил пронајден, уапсен и испратен во кампот на смртта. Ана умрела во концентрациониот камп Берген - Белсен во март 1945-та година.

„И покрај се`, јас уште верувам дека луѓето се навистина добри и имаат срце“. Фридман запира со читањето и го крева погледот. „Тоа е мојот омилен цитат од нејзиниот дневник. Боли помислата дека девојката сепак верува во човештвото и за време на нејзините последни денови“.

Петнаесетгодишното девојче останало седум месеци во кампот, како роб што гладува и на крајот умира. Нејзиниот татко Ото е единствениот член од семејството кој го преживеал Холокаустот. Тој решил дневникот да го објави како доказ дека неговата ќерка живеела, сакала и се надевала. Ана стана глас на шест милиони Евреи, жртви на Холакаустот.

„Само замислете колку талентирани и паметни деца биле погубени,“ вели Фридман.

Еден ипол милион еврејски деца умреле во Холокаустот. „Помножете го овој број со милион,“ велат од музејот во Вашингтон. Губењето на деца е губење на цели генерации. Доказ за тоа е судбината на девојчето Луиза, која се криела на истата улица со Ана Франк. Таа преживеала. Денес, 75 годишната Луиза Лоренц живее во Бетесда, Мериланд и има три ќерки и шест внучиња. На прашањето „Како се чувствува кога ќе помисли дека таа преживеала, но Ана, која живеела до неа, го загубила животот?“

„Навистина ми е жал за неа,“ вели Лоренц. „Но, истовремено сум благодарна што мојата фамилија преживеа. Се сеќавам кога Дневникот на Ана Франк беше публикуван, сите се чувствуваа непријатно. Тие не сакаа да зборуваат за тоа, бидејќи беше болно и срамно за другите. Овој дневник, напишан со искрени зборови на едно младо девојче, го натера светот да слушне за ужасот на тоа време.“

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG