Линкови за пристапност

Амнести: Исламската држава го користи силувањето како оружје


Припадничка на етничката заедница Јазиди, којашто избегала пред нападите на Исламската држава, засолната во училиште во местото Дахук, северозападно од Багдад

Припадничка на етничката заедница Јазиди, којашто избегала пред нападите на Исламската држава, засолната во училиште во местото Дахук, северозападно од Багдад

Организацијата во најнов извештај дава детали од интервјуата со 42 жени коишто биле грабнати од милитантите

Амнести интернешенал наведува дека милитантите на Исламската држава го користат силувањето како оружје против грабнатите жени од северен Ирак коишто припаѓаат на етничката заедница Јазиди, како и дека тоа е на ниво воени злосторства и злосторства против човештвото.

Организацијата за човекови права во извештајот објавен денеска дава детали од интервјуата со 42 жени и девојки коишто успеале да избегаат откако биле грабнати од милитантите, како и со неколку други коишто се` уште се во заложништво. Овие лица тврдат дека биле изложени на физичко и психолошко измачување, меѓу што и силување и други видови на сексуално насилство. Неколкумина од оние коишто успеале да избегаат наведуваат дека претрпените маки најверојатно се причина за самоубиството на една 19-годишна девојка, а неколку други жртви се обиделе да го сторат истото.

Вишиот советник на Амнести за реакција на кризи, Донатела Ровера, оцени дека физичката и психолошката цена е катастрофална, како и дека дури и оние коишто успеале да избегаат се се` уште длабоко трауматизирани.

XS
SM
MD
LG