Линкови за пристапност

Александрија хармонајзерс


Александрија хармонајзерс - хор кој нема старосна граница
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:23 0:00
Direct link

Александрија хармонајзерс - хор кој нема старосна граница

Ќе ги најдете во Александрија, недалеку од Вашингтон каде веќе шест децении ги прават улиците - распеани.

Александрија хармонајзерс е машки хор во кој нема старосна граница. Тука пеат и оние со 19, и оние со 83 години. Ќе ги најдете во Александрија, недалеку од главниот град Вашингтон, место што плени со имиџот на старо гратче. А таму, веќе шест децении оваа музичка група ги прави улиците - распеани.

На пробата се собрале 100 мажи, сите со пасија по пеењето.
И така секој вторник навечер, уште од крајот на Втората светска војна.

“Ние сме машки, акапела хор. Пееме различни стилови на музика“, објаснува Џо Серути, диригентот на Александрија хармонајзерс.

Џек Пицер се зачленил на 23-годишна возраст. Сега е 70-годишник.

„Пеевме на многу прекрасни места како Центарот Кенеди, Карнеги хол, Конституш`н Хол, Врховниот суд“, се присеќава Пицер.

„Во хорот има студенти, пензионирани, но и активни армиски лица, владини службеници, учители, пожарникари. Секакви професии. Тоа не` прави уникатни“, вели диригентот Серути.

Иако ниту еден во хорот не е професионален музичар, тој има победено на 17 меѓународни натпреварувања и четири светски првенства. Се финансира првенствено од настапите.

Неодамна, Хармонајзерс настапија во Александрија. Изведбата, како и секогаш беше со богата кореографија. Претседателот на групата Стив Мурејн вели - тоа додава а забавата.

„Секогаш кога ќе настапиме, како да не е доволно, сакам повторно да пееме. Извонредно чувство“, ги пренесува имресиите Мурејн.
XS
SM
MD
LG