Линкови за пристапност

Воени авиони кои припаѓаат на Русија и сириската влада извршиле жестоки бомбардирања врз цели во градот кои се под контрола на бунтовниците

Сириската опсерваторија за човекови права извести дека нападите го погодиле источниот дел на Алепо за време на ноќта, и завршиле утрово, додека престрелките во северните и јужните делови на градот се` уште траат.

Според прес центарот – во нападите загинале и биле ранети неколку лица, иако точниот број се` уште е непознат. Некои од жртвите се` уште се наоѓаат под урнатините.

Новиот бран на напади се случува на само неколку дена пред закажаната средба на државниот секретар на САД, Џон Кери со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров. Ова ќе биде прва средба помеѓу двајцата дипломати откако Вашингтон и Москва ги прекинаа дипломатските разговори порано месецов.

Запад ја обвинува Русија и нејзините сириски сојузни за сторени воени злосторства со бомбардирањето на болници и на конвојот на Обединетите нации во околината на Алепо.

XS
SM
MD
LG