Линкови за пристапност

Можна ерупција на вулкан на Аљаска


Можна ерупција на вулкан на Аљаска

Можна ерупција на вулкан на Аљаска

Американската геолошка служба објави состојба на зголемена претпазливост по ослободувањето на 4.570 метри висок облак од пепел на вулкан, на оддалечен остров на Аљаска. Облакот може да ги зафати воздушните рути на авионите.

Степенот на претпазливост е портокалова боја, втора од врвот, за Вулканот Кливленд, висок 1.729 метри, лоциран на околу 1.500 километри југозападно од Анкораџ, на ненаселен остров.

Агенцијата вели дека сателитски податоци индицираат нови експлозии без најава, со пламен што може да надмине 6.096 метри надморска височина.

Портокалова боја на претпазливост индицира дека вулканот има зголемена ескалирачка активност.

XS
SM
MD
LG