Линкови за пристапност

Американ Ерлајнс банкротира


Американ Ерлајнс банкротира

Американ Ерлајнс банкротира

Компанијата-мајка на Американ ерлајнс (AMR Corporation) поднесе барање за банкротство откако не успеа да направи договор со пилотите за намалување на трудовите трошоци.

Третата најголема авио компанија во државата во вторник кажа дека бара судска заштита заради банкротирање за да ги намали трошоците и долгот на конкурентно ниво. Авиокомпанијата кажа дека нормалното оперирање на компанијата ќе продолжи за време на реорганизирањето.

Американ беше единствената поголема американска авио компанија што не поднесе барање за банкротство. Нејзините најголеми конкуренти Делта и Јунајтед, го искористија банкротирањето да ги избришат скапите работни договори и намалување на долгот. И двете се соединија со други компании – Делта ја купи Нортвест и Јунајтед го купи Континентал.

Како дополнение на повисоките трудови трошоци од нивните ривали, Американ ерлајнс исто така имаше тешкотии со зголемените трошоци за гориво.

XS
SM
MD
LG