Линкови за пристапност

Со уметност против загадувањето


Со уметност против загадувањето
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:06 0:00

Со настап на тетовската депонија, музичари протестираа против екстремното загадување на воздухот во Тетово

„Депонијата на влезот во Тетово постои подолг период и продолжува да го загадува градот. Актуелната локална власт во Општина Тетово, пред се, градоначалничката Теута Арифи (ДУИ), сето време ветуваат решение за овој проблем. Кога се кандидираше за функцијата, госпоѓата Арифи, вети дека проблемот ќе се реши на брз и ефикасен начин, но ништо не се случува веќе со години“, изјави за Гласот на Америка на македонски јазик, граѓанскиот активист Арианит Џафери, од невладината организација „Еко Герила“ од Тетово.

Вчера изутрина, во Тетово, се на три пати измерени вредности за загадениот воздух кои се десет пати повисоки од максимално дозволената граница (меѓу 409 и 537 микрограми ПМ честички на метар кубен), со што тетовчани повторно се изложени на екстремно загаден воздух. Според медиумите, граѓаните на Тетово само 46 денови оваа година живееле во нормални услови во поглед на загаденоста на воздухот, а дури 231 дена, загаденоста на воздухот била над максимално дозволената, со црниот просек од 107,9 микрограми ПМ-честички на метар кубен.

Вчерашното беше највисокото регистрирано загадување на воздухот во Тетово, во последните недели, но, со паѓањето на температурите и приближувањето на зимата, што ќе значи и почеток на грејната сезона во која граѓаните на Тетово, главно како огрев користат дрва или јаглен, загадувањето на воздухот ќе се зголеми.

Покрај грејната сезона и застарените типови автомобили на улиците, особено сериозни проблеми во оваа Општина, сепак, се фабриката „Југохром“ и секако, депонијата - за кои со години не се наоѓа адекватно решение, преку вградување филтри или затворање на капацитетот, и преку отворање на нова депонија и санирање на старата.

Затоа, во организација на „Еко Герила“, двајца музичари со маски на лицата, пред публика која исто така носела маски, вчера, среде депонијата ја извеле суитата „Воздух“ на Бах, симболично барајќи почист воздух за тетовчани.

„Концертот е организиран за да ги сензибилизира граѓаните, а уште повеќе надлежните во Тетово, за проблемот што го создава оваа депонија, во градот кој и онака, на големо се загадува од фабриката ‘Југохром’“, ни изјави Џафери од „Еко Герила“.

XS
SM
MD
LG