Линкови за пристапност

Светски ден за борба против СИДА-та


СЗО вели дека половина од луѓето не знаат за нивниот ХИВ статус

Светската здравствена организација го обележува Светскиот ден за борба против СИДА-та со нагласување на потребата за проширување на антиретровиралната терапија врз сите кои живеат со ХИВ-вирусот.

Здравствената агенција на Обединетите нации вели дека од 37 милиони луѓе кои живеат со ХИВ-вирусот, околу 16 милиони во моментов земаат терапија од комбинација од лекови и дека универзална употреба на терапијата е единствениот начин да се стави крај на епидемијата за времетраење од една генерација.

Агенцијата цитира студии кои покажуваат дека луѓето кои започнале со терапија брзо откако го добиле вирусот, имаат помала шанса да го пренесат на други луѓе, а и тие се поздрави.

Светската здравствена организација повикува на повеќе тестирања за луѓето да знаат за нивниот ХИВ статус и почнување со терапија за оние кои се ХИВ позитивни. Се вели дека соодветен третман може да спречи смрт на 21 милиони луѓе кои се заразени со СИДА и да спречи 28 милиони нови инфекции до 2030-та година.

„Не смее да се дозволи да се намали чувството за итност од време на најтешките години на оваа болест“ смета помошник-директорот на СЗО, д-р Вини Пању-Шумбушо. „ХИВ-вирусот останува голем здравствен предизвик кој става акцент на слабостите и недостатоците во универзалниот здравствен систем.“

САД во вторникот најавија нов план со фокус на зголемување на тестирањата, универзален антиретровирален третман за ХИВ-позитивните, давање лекарства на оние со постоечки ризик за добивање на вирусот и елиминирање на стигмата спрема заразените.

Од 37 милиони луѓе носители на вирусот, 26 милиони живеат во суб-Сахарска Африка, што е 70 проценти од новите инфицирани со ХИВ-вирусот. СЗО вели дека половина од луѓето знаат за нивниот ХИВ статус.

Од 1988-та година, Светскиот ден за борба против СИДА-та се обележува на 1-ви декември, и е можност за поддршка на луѓето кои живеат со ХИВ/СИДА, потсетување за оние кои ја загубија битката со оваа болест и фокус на борбата против оваа епидемија.

XS
SM
MD
LG