Линкови за пристапност

Интензивните аеробни вежби подмладуваат


Аеробните вежби комбинирани со дигање на тегови ја подобрува функцијата на клетките

Добрата вест е што истражувачите тврдат дека откриле начин за „анулирање“ на стареење кај повозрасните лица. Лошата вест е дека ќе треба да отидете во сала и да правите аеробни вежби во висок интензитет.

За потребите на студијата, истражувачите од клиниката Мајо споредиле три типови на вежби: Интервални вежби со висок интензитет, вежби со отпор и комбинација од двете. Тие откриле дека само со интервалните вежби со висок интензитет и комбиниран тренинг „се подобрува аеробниот капацитет и митохондријална функција на скелетните мускули.“ Митохондријалната функција е чест проблем кај повозрасните лица.

„Ние ги охрабруваме сите да вежбаат редовно, но пораката за постарите лица е дека вежбите со висок интензитет се најдобри, затоа што како на метаболично, така и на молекуларно ниво има најмногу бенефиции,“ вели д-р К. Шрикумаран Наир, ендокринолог во Мајо клиниката и виш истражувач во студијата.

Тој додава дека интервалните вежби со висок интензитет преобразуваат некои аспекти на стареењето и додава дека вежбите со отпор исто така се важни за зголемување на силината на мускулите, и препорачува дигање на тегови „неколку дена во неделата.“

Поточно, истражувачите откриле дека интервалните вежби со висок интензитет го спречуваат стареење преку подобрување на содржината на мускулните протеини, со што се подобрува „енергетската функција,“ а тоа предизвикува зајакнување на мускулите кај повозрасните лица.

Исто така се подобрува и способноста на клетките да направат нови протеини, со што се менува „големиот негативен ефект кој го има стареењето.“

Во студијата биле следени повозрасни и помлади лица, кои биле поделени во групи за да можат да се направат трите типови на вежби, во период од 12 недели. Истражувачите ги собирале здравствените информации 72 часа откако учесниците завршиле со типот на вежби.

Заклучоците биле публикувани во списанието Cell Metabolism.

XS
SM
MD
LG