Линкови за пристапност

Во САД исчезнаа тројца авганистански војници


Cape Cod

Cape Cod

Биле на обука во база во Масачусетс, а последен пат биле видени во шопинг-центар

Американските власти трагаат по тројца авганистански војници што исчезнале во саботата. Тие биле на обука во базата Кејп Код во сојузната држава Масачусетс, а последен па биле видени во шопинг центар.

Гувернерот на Масачусетс Девал Патрик изјави дека армиски лица претпоставуваат дека војниците најверојатно се обидуваат да пребегаат во САД. Портпаролот на Националната гарда на Масачусетс, потполковникот Џејмс Сахади изјави дека властите не веруваат оти војниците претставуваат закана, но се зачудени од нивното исчезнување. Тој информираше дека во рамки на обуката во којашто учествуваат околу 200 војници од шест држави. Од нив, 15 се од Авганистан.

XS
SM
MD
LG