Линкови за пристапност

Талибан објави видео-снимка од предавањето на Бергдал


Талибан објави видео-снимка од предавањето на Бергдал
please wait

No media source currently available

0:00 0:06:45 0:00

На двапати, на неа се појавува текстот: „Не се враќајте во Авганистан“.

Авганистански Талибан објави видео-снимка од предавањето на водникот Бо Бергдал, којшто беше ослободен саботата во размена на затвореници.

На 17-минутната снимка, објавена денеска, Бергдал е свежо избричен и облечен во традиционална авганистанска руба. На почетокот, тој седи во камионет паркиран на рид, постојано трепка и ги трие очите изложени на силна светлина. До него се наоѓаат неколку вооружени лица. Подоцна, тие го предаваат на неколкумина коишто пристигнаа со хеликоптер во армиски стил. Едно од лицата кои го предаваат носи бело знаме.

Двапати за време на снимката, на неа се појавува текстот: „Не се враќајте во Авганистан“.

Талибан го ослободи Бергдал во замена за петмина авганистански притвореници од американската база Гвантанамо на Куба.

Портпаролот на Пентагон, контраадмиралот Џон Кирби соопшти дека американски претставници ја прегледуваат снимката но дека немаат причина да се сомневаат во нејизната автентичност. Тој рече дека размената била мирна и успешна и дека сега акцентот е да му се пружи потребната помош на Бергдал.

Талибан го зароби 28-годишниот водник во 2009-та, приближно два месеца откако пристигнал во Авганистан. Околностите на заробувањето се` ште се нејасни.

Некои од соборците на Бергдал го обвинуваат дека ја напуштил единицата и дека предизвикал масовна потрага во која имало и жртви. Секретарот за одбрана Чак Хегел денес кажа дека е нечесно кон семејството на Бергдал да се претпоставува што и да е`, додавајќи: “не правиме таа во САД, се потпираме на факти“. Пред новинарите на средбата на министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО во Брисел, Хегел изјави дека „не знае за никакви околности или детали дека американски војници загинале како резултат на напорите да се пронајде Бергдал“.
XS
SM
MD
LG