Линкови за пристапност

Нема докази дека Исламската држава е присутна во јужен Авганистан


Велат локални официјални лица и странски воени команданти во земјата

Локални официјални лица и странски воени команданти во Авганистан се обидуваат да ја намалат загриженоста дека Исламската држава ги шири своите активности надвор од актуелните упоришта во источниот дел на земјата.

Тие тврдат дека неодамнешното убиство на локален лидер на ИД со американско беспилотно летало, и придобивките на авганистанските сили против терористичката организација со седиште во Сирија, го запреле потенцијалот на милитантите во делови од источните провинции Нангарар и Кунар во близина на границата со Пакистан.

Ова го потврди и авганистанскиот амбасадор во Пакистан, кој за Гласот на Америка изјави дека ИД е единствено концентрирана во Нангарар.

XS
SM
MD
LG