Линкови за пристапност

Нападнат Американскиот универзитет во Кабул- десетина мртви


Никој не презеде одговорност за нападот

Авганистанската полиција соопшти дека најмалку десет луѓе се мртви, а над 37 се повредени, по речиси десетчасовниот напад на Американскиот универзитет во Авганистан.

Началникот на полицијата во Кабул Абдул Раман Рахими, рече дека повеќе од 700 лица, вработени на Универзитетот и студенти, биле спасени од универзитетскиот кампус.

Полицијата изјави дека најмалку двајца од напаѓачите биле убиени.

Портпаролот на Пентагон, за Гласот на Америка, изјави дека неколкумина американски советници им помогнале на Авганистанците да се справат со нападот.

Нема потврда дека одговорни за нападот се милитантни групи.

Стејт департментот на САД го осуди нападот и го нарече

„напад врз иднината на Авганистан“.

XS
SM
MD
LG