Линкови за пристапност

Обама го поттикна Абас да преземе ризици за мир


Додека траеше посетата на палестинскиот претседател во Белата куќа, илјадници демонстрираа поддршка на Западниот брег

Американскиот претседател Барак Обама го поттикна палестинскиот колега, Махмуд Абас, да донесе тешка одлука и да преземе ризик за мир со Израел. Двајцата лидери се сретнаа во Белата куќа во понеделник за разговор во врска со забавениот мировен процес на Блискиот Исток.

Обама исто така изврши притисок израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да го направи планираното ослободување на последната група палестински затвореници до крајот на март.

Средбата дојде пред рокот од 29 април за постигнување рамковен договор за проблематичните израелско-палестински мировни разговори.

На Западниот брег, во поголемите градови во понеделникот илјадници Палестинци излегоа на улиците да ја поддржат посетата на Абас. Демонстрантите вееја знамиња и извикуваа „ние сме со вас, претседателе!“
XS
SM
MD
LG