Линкови за пристапност

Претседателот Махмуд Абас бара статус на држава за Палестинската територија

Палестинскиот лидер Махмуд Абас во четврток оди на Генералното собрание во ОН со огромна поддршка за неговиот обид да го унапреди статусот на Палестинската управа од ентитет во држава-набљудувач.

Генералното собрание ќе гласа по мерката на која се противат Израел и САД.

Околу 60 држави се ко-спонзори на резолуцијата, и Абас се очекува да го добие потребното мнозинство од 193-те држави членки. Статусот на Палестинците ќе им овозможи пристап до Меѓународниот кривичен суд, каде тие ќе можат да побараат од обвинителот да ги истражи израелските акции на нивна територија.

Но давањето на Палестинците статус на „не-членка набљудувачка држава“ е помалку од целосно членство во ОН, нешто што тие не успеаја да го постигнат минатата година.
XS
SM
MD
LG