Линкови за пристапност

Натамошна соработка во Ирак


Ова е „Политички преглед" – уводник што ја одразува политиката на Владата на САД.

Натамошна соработка во Ирак

САД се решени Ирак да биде суверена земја, на свои нозе и целосно интегрирана во регионот, кажа американската државна секретарка Хилари Клинтон за време на неодамнешната посета на Багдад.

„Нашата стратегија за соработка со вас можеби е во нова фаза, но ветуваме целосна и натамошна посветеност на Ирак и ирачкиот народ", рече Клинтон.

Насилството во Ирак е во пораст уште од март. Непосредно пред посетата на Клинтон на Багдад, во четири напади на бомбаши-самоубијци загинаа преку 160 Ирачани. Таа изрази лично сочувство и сочувство во име на САД до семејствата на загинатите и сите погодени.

„Ги осудувам овие насилни обиди за попречување на напредокот што го прави Ирак. Насилството само ја зајакна решителноста на ирачкиот народ да бара подобра иднина за својата земја", кажа Клинтон, според која одговорот на народот и на ирачките лидери на насилството бил обединет и решителен.

„Начинот да се справиме со насилството е САД да продолжат да ги обучуваат и опремуваат ирачките сили. На крајот, тие ќе бидат способни да преземат главна улога во обезбедување на Ирак од секташкото насилство", рече Клинтон.

Ова беше - „Политички преглед" - уводник што ја одразува политиката на Владата

XS
SM
MD
LG