Линкови за пристапност

Дипломатите остро го осудија саботниот инцидент на Градскиот плоштад


Инцидентот што се случи во саботата на Градскиот плоштад во Скопје, при што група на млади луѓе кои протестираа против изградба на црква на таа локација беше физички нападната од друга група – поддржувачи на изградбата, предизвика низа реакции на осуда.

Амбасадорот на ЕУ Ерван Фуере изјави дека тој инцидент ја покажува грдата слика на македонската политика што не е во согласност со демократските стандарди и ги повика ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да реагираат на правилен начин.

-Загрижувачки е што ова се случува на ваков начин. Мислам дека не помага што обете партии се обвинуваат меѓусебно. Тие мора да се погрижат ефикасно да се справат со таков екстремизам. Прекршителите, кои беа видливи – можевме да ги видиме на телевизија – треба да бидат казнети, кажа Фуере во изјавата за ТВ А1.

Загриженост и осуда за инцидентот изрази и амбасадорот на САД во Република Македонија Филип Рикер, кој побара полицијата што поскоро пред лицето на правдата да ги изнесе виновниците за овој недемократски чин.

-Бев многу вонземирен од некои од извикувањата на омраза, расистички изрази, навреди, покажување на нетолеранција. Нема место за нив во 21-от век, ниту во Македонија, која сите ја пофаливме како пример за мултиетничка толеранција и модел што треба да се следи во овој дел на светот, рече Рикер.

Реакции со осуда за инцидентот што се случи во саботата стигнаа и од многу граѓански организации во Македонија.

XS
SM
MD
LG