Линкови за пристапност

Јога како лек


Според Журналот за јога, околу 16 милиони лица во САД практикуваат некаков вид на јога, спој на физички и ментални вежби кои потекнуваат од Индија и датираат од пред повеќе од 3.000 години. Третина од Американците се занимаваат со алтернативни третмани, како јога, за лекување на одредени болест. Една болница во Њујорк официјално ја воведе јогата како начин за олеснување на болките на пациенти болни од рак.

За јога обично се мисли како на истегнување на телото, правење различни пози, потење, и спандекс материјал на облеката.

Но, оние кои се на час по јога во Медицинскиот центар „Бет Израел“ во Њујорк, не се обични вљубеници во оваа активност. Инструкторот по јога Шана Кун Сигл вели дека во оваа пилот програма целта на вежбите е да се намали болката и да се промовира релаксација: „Утрово работев со жена која се жалеше од големи болки во стомакот, болка од која плачеше, и се што направив беше да ја поставам настрана, со перници меѓу колената, рацете поткренати и главата во удобна положба“, објаснува таа.

Оваа болница проектот за помош на пациентите болни од рак со техники на јога, го започна со донација од 850.000 на американската модна креаторка и љубител на јогата, Дона Карен.

Д-р Вудсон Мерел раководи со Одделот за интегративна медицина во центарот „Бет Израел“. Тој вели дека намалување на трошоците е она што го возбудува, зашто тоа е важно, вели, особено во време на глобална рецесија, кога никој нема доволно пари. Да ангажирате спиритуална медицинска сестра и воведете терапија со јога, тоа не само што може да даде резултати во лекувањето, туку штеди и пари, додава Мерел.

Пилот проектот вклучува 86 пациенти кои се на јога терапија шест часа на ден. Како дополнение, онколошкото одделение добива големо реновирање, со што ќе се трансформира во вистинска средина за закрепнување, духовно и физичко. Ако се покаже успешен, Мерел вели дека планот е таквиот начин на лекување со јога да се прошири и во другите болници низ Америка.

XS
SM
MD
LG