Линкови за пристапност

Помош за задржување на домовите


Претседателот Барак Обама ја претстави програмата од 75 милијарди долари за помош на 9 милиони сопственици на домови кои се во опасност да ги изгубат.

Претседателот планот го објави во Аризона, каде жителите се многу тешко погодени од кризата во секторот за домување.

„Сакам да разјаснам“, рече тој, „Овој план нема да спаси секого. Но на милиони семејства ќе им даде шанса да се извлечат од финансиската катастрофа. Ќе ги спречи најтешките последици од оваа криза и ќе ја намали стапката на губење на домовите, што ќе помогне да се стабилизираат цените на куќите“.

Претседателот рече дека шест милиони Американци во моментот се соочени со ризик да им биде одземена куќата.

Неговиот план има за цел да им помогне на позајмувачите кои должат повеќе од за станбен кредит отколку што им вреди домот и на оние кои се на работ на губење на домот, со тоа што ќе им дозволи на кредиторите да ги реструктуираат или рефинансираат заемите.

Во некои случаи, владата ќе ускокне во покривање на заемите, а ќе им обезбеди и поттици за кредиторите да ги модифицираат станбените кредити.

При претставувањето на планот, Обама се осврна на позната тема: одговорност.

„Банките и кредиторите мора да се земат на одговорност за прекинување на праксата што не вовлече во оваа криза. И секој од нас треба да си ја преземе својата одговорност за преземените акции,“рече претседателот.

Тој рече дека планот нема да им помогне на нечесни заемодавачи или заемопримачи, кои купиле куќи што не можат да си ги дозволат.

XS
SM
MD
LG