Линкови за пристапност

Домино ефект на рецесијата


Додека заврши овој прилог, во САД веќе 20-тина лица ќе останат без работа. Ова би било случај доколку темпото на загуба на работните места продолжи и во февруари. Загубено место или одлука на семејството да заштеди повеќе, негативно се одразува и кај другите.

Џејсон Пол бил вработен како менаџер на банка. Неодамна ја загубил работата но и годишна плата од шест цифри. Тоа, вели тој, го доживеал како голем удар. Џејсон и неговото семејство морале да реагираат за да преживеат. Еден од трошоците кој бил елиминиран – ручек или вечера во омилен локален ресторан. Џејсон вели дека таму оделе еднаш неделно, сега само еднаш месечно и тоа можеби.

Се работи за ресторанот Redstone Grill, со локации во неколку сојузни држави жирум САД (проверив на интернет). Оттаму велат дека поради ситуацијата како оваа на семејството Пол, имаат се помалку гости. Ова секако негативно се одразува на бизнисот, но и на платата на одредени вработени во ресторанот. И тие велат дека поради лошата финансиска ситуација во која се наоѓаат, не можат да си дозволат да го збогатат својот социјален живот.

Поради намалената фреквенција на гости конкретно во Redstone Grill, менаџерот на ресторанот морал да го намали обемот на нарачки на компанијата за производство на месо, Allen Brothers. Како резултат, оваа компанија отпуштила пет проценти од своите вработени.

Околу 800 луѓе во САД ги губат своите работни места секој час. Во јануари во САД без работа останаа преку половина милион лица, највисока месечна загуба на работни места од Втората светска војна, наваму. Економистите во меѓувреме велат дека не знаат кога ќе дојде крајот на овие тешки времиња. Тие додаваат дека нивото на невработеност до крајот на годинава може да достигне близу девет и повеќе проценти.

XS
SM
MD
LG