Линкови за пристапност

Обама ги ограничи примањата на директорите чии компании добиваат владина помош


Одлуката уследи по неодамнешните извештаи дека компании од Вол Стрит минатата година исплатиле 18 милијарди долари во бонуси, кога земјата веќе се наоѓаше во рецесија и компаниите имаа добиено огромна финансиска владина помош.

Обама рече дека 500.000 е само дел од она што некои директори веќе го имаат добиено. Тој додаде дека исплатата на огромни плати и вишоци на раководните лица на компаниите кои имаат потреба од владина помош за да опстанат, само ги разлутува даночните обврзници, бидејќи тоа значи дека се наградува нивниот неуспех.

Новите правила важат и за досегашната пракса на исплата на компензацијата кога менаџерите заминуваат од компанијата.

Ограничувањата ќе продолжат да бидат на сила се додека компаниите кои примаат помош од државата, не се во можност да ги вратат парите на даночните обврзници.

XS
SM
MD
LG