Линкови за пристапност

Американската армија се врти кон алтернативни видови на енергија


Армија на САД воведува 4.000 мали автомобили кои работат на принципот на електрично напојување. Армијата ги изнајмува овие возила кои не се штетни по животната средина и ги заменува со оние кои користат бензин. Одговорните најавуваат продолжување на овој тренд и во иднина.

Во базата Форт Маер во Арлингтон, сојузната држава Вирџинија, мајор Грег Орел со гордост покажува едно од новите електрична автомобили, познати како „возила за во соседството“. Армијата ги користи при обезбедување, поправки и пренос на лесна опрема.

-Одлични се за куси растојанија во базата – подобри од големите возила или комбиња што вообичаено ги користиме, вели Орел.

Не одат брзо, но тоа не е проблем во базата каде дозволената брзина и онака е мала.

На промоцијата, армискиот претставник за енергетика Пол Болингер кажа дека возилата ќе помогнат војската да заштеди милиони долари за гориво, а ќе го намалат и загадувањето:

-Возилата работат мошне добро. Со едно полнење може да минат 50-тина километри. Ги користите цел ден, а преку ноќ ги напојувате, така што се подготвени наредното утро.

Батеријата се полни за осум часа. Возилата се дел од обемниот армиски проект за користење на алтернативни извори на енергија.


XS
SM
MD
LG