Линкови за пристапност

Мандатот на Буш на дланка: од пребројување на гласовите до војна и економска криза


Американскиот претседател Џорџ Буш ќе замине во родниот Тексас по осум турбулентни години во Белата куќа. Неговиот претседателски мандат започна со спорот околу пребројување на гласовите по изборите, а заврши со ситуација во која земјата е во војна и во економска криза.

По спорните избори во 2000-та, наредната година ја одбележаа терористичките напади. Тогаш нацијата се обедини зад претседателот.

-Сочувствувам со вас. Остатокот од светот сочувствува со вас. Луѓето кои ги урнаа овие згради наскоро ќе го почувствуваат нашиот одговор, порача тогаш Буш од урнатините во Њујорк.

Тоа бешеклучен момент во мандатот на Буш. Тој стана човек со мисија – да ја оддржи американската безбедност, како кога и соопшти на нацијата дека одлучил да поведе војна:

-По моја наредба, американската армија започна воени напади против терористичките кампови за обука на Ал-Каида и воените инсталации на режимот на Талебан во Авганистан.

Во рок од една година, започнаа планови за испраќање на американските сили на втор фронт. Со се` поголемата популарност, Џорџ Буш поведе воена акција за соборување на ирачкиот лидер Садам Хусеин.

-Доколку чекавме заканите целосно да се остварат, ќе значеше дека предолго сме чекале, рече тогаш Буш, објаснувајќи ја потребата од акција.

По децении на стратегијата на одвраќање, превентивната воена акција стана реалност. Американските сили беа на теренот во Ирак. Како што се зголемуваше бројот на жртвите во Ирак, така паѓаше рејтингот на претседателот Буш.

Експертитеза национална безбедност велат дека историјата може да не гледа благонаклоно на воената кампања на Буш. Ентони Кордсман од Центарот за стратешки и меѓународни истражувања во Вашингтон коментира:

-Искрено, не мислам дека оваа администрација ќе биде добро примена. Направи премногу грешки и премногу се потпираше на идеолошките цели.

Војната беше во полн ек кога во август 2005-та ураганот Катрина ги погоди САД. Владата беше неподготвена да се справи со кризата кога попуштија браните во Њу Орлеанс, сојузната држава Луизијана.

Претседателот најпрвин од авион фрли поглед на последиците, додека се враќаше во Вашингтон од одморот на својот ранч во Тексас. Две недели подоцна, и се обрати на нацијата од самото место на настанот:

-Американците посекако имаат право да очекуваат поефикасен одговор во време на вонредна ситуација. Кога федералната влада нема да ја исполни таквата обврска, јас како претседател сум одговорен и за проблемот, и за решението.

Катастрофата причената од Катрина и продолжителната воена операција во Ирак го засенија можеби најголемото достигнување на администрацијата на Буш во странство – борбата против СИДА-та. Во 2003-та, претседателот Буш отпочна програма против оваа чума на модерното доба во Африка и насекаде во светот. 10-тина милиони лица почувствуваа разлика како резултат на програмата.

Со наближување на крајот на мандатот, човекот кој на времето беше горд на тоа што не така лесно покажува емоции, денвиве истапи со носталгичен тон:

-Кога ќе дојде времето на 20-ти јануари, јас и Лора ќе заминеме дома во Тексас, со непроценливи спомени и особена чест што и` служевме на оваа велика земја.

XS
SM
MD
LG