Линкови за пристапност

Американски ентерпрајз институт: Пред првото претседателско обраќање на Барак Обама до нацијата


Обама се чини дека е спремен да јареформулира надворешната политика на САД, особено во однос наБлискиот исток и Авганистан. Најверојатно администрацијата ќе притиска Иран дасе откаже од нуклеарните амбиции и на Сирија да се откаже одсвојата ревизионистичка историја. Во исто време ќе работи на поправање на имиџот на Америка во арапскиот свет со медијаторство за договор во израелско-палестинскиот конфликт. Но, ако се имаатпредвидпоследните настани во Газа, проценката дека Иран е околу една годинадалеку одсоздавање на нуклеарно оружје, и што Русија се обидува да ги привлечестарите сателити во својата сфера на влијание- реално е прашањето – колку сето тоа е изводливо.

Леон Арон се осврна на проблемот со Русија. Вели, со Русија мора да разговараме и од стратешки причини даработиме кон целта да стане либерална демократија, зашто веќе не е актуелно прашањето за нејзинастабилизација.

Даниел Плеткавели декатемите што ќе ја ангажираат новатаадминистрација ќе бидат повеќе или помалку истите одадминистрацијата на Буш. Малку епостигнато во однос на Иран,треба да се работисо европските сојузници, да се внимава на Сирија и да се следи Саудиска Арабија. Но, таа вели декаочекува голема промена, на американска страна - во приодот кон тие отворени прашања, а во тие рамки можеби иредефинирање на политиката кон Израел.

За Томас Донели ова е најдобро и најлошо време за Обама – наследува компликувана ситуација но отвора и можности. Патот напред тој го гледасо вкрстување напроблемите на економијата со стратешките цели, што ќе рече -подобрување на ситуацијатасо алоцирање големи средства во одбраната, што ќе отворимногу работни места, а од производите штово нестабилни времиња лесно се продаваат, ќе имаат користи американскитеданочните обврзници. Тој вели новата администрација ќе стори добро ако не укине некои одбезбедносните програми кои се веќе започнати зашто, меѓу другото,ќе испрати и сигнал на слабост и колебливост на САД во светот.

XS
SM
MD
LG