Линкови за пристапност

Историски избори во САД


<!-- IMAGE -->

На - како што бе наречени - едни од најважните избори во историјата на САД, Барак Хусеин Обама беше избран за 44-ти претседател на САД.
Според проценките, околу 135 милиони Американци гласаа на овие претседателски избори.

Околу 52 проценти од нив го дадоа гласот за Обама, син на кениски татко и американска мајка, со што го избраа за првиот афро-Американец - претседател на САД.

За многу Американци од сите вери и бои на кожата, ова беше историски момент во неколкувековното патешетвие кон расна еднаквост. Овие избори го рефлектираат деценискиот социјален и политички активизам за укинување на дискриминаторските закони и промена на претставите во општеството.

Овие напори помогнаа да се отвори вратата на можности за секој Американец, независно од расата, полот и социјалниот статус.

Новоизбраниот претседател Барак Обама даде ехо на ова чувство:

- Ако некој се `уште се сомнева дека Америка е место каде сите работи се можни, кој се`уште се прашува дали сонот на нашите татковци е жив во нашето време, кој ја доведува во прашање моќта на нашата демократија – вечерва е даден одговорот.

Независно кој како гласал, сите Американци треба да се горди дека се случил историски момент, рече претседателот во заминување Џорџ Буш во говор со кој му ја честиташе победата на Барак Обама. Изборите, додаде Буш, му ја покажаа на светот виталноста на американската демократија и напорите што ги презедовме во правец на посовршена унија.

XS
SM
MD
LG