Линкови за пристапност

Македонија:  Сојузот на синдикати протестира против измените во Законот за работни односи


Во Скопје во петокот започнаа масовни протести против измените во Законот за работни односи. Сојузот на сидикати, кој ги организира протестите, тврди дека со имените во законот драстично се намалени правата на работниците.

Барањата на Синдикатот се укинување на последните измени и дополнувања на Законот за работни односи, потоа работниот стаж покрај возраста да биде услов за пензионирање, законско утврдување на минималната плата, како и донесување закон со кој материјално ќе се обезбедат сите стечајни работници прогласени за технолошки вишок. Синдикалците исто така бараат зачувување на животниот стандард на работниците со преземање ефективни мерки за сузбивање на појавите на неконтролирано зголемување на цените на основните прехранбени производи.

Опозициониот Социјалдемократски сојуз на Македонија даде целосна поддршка на штрајкот.

- Правото на достоинствен живот и правото на борбата за своите права е нормално демократско право и заради тоа би било убаво работниците да го дигнат својот глас и јасно и гласно да дадат и на Владата, и на целата македонска јавност до знаење дека ќе ги бранат своите демократски и уставни права, изјави Зоран Заев, в.д. претседател на СДСМ.

Владеачката ВМРО-ДПМНЕ, пак, во соопштение до јавноста ги обвини социјал-демократите дека ги манипулираат работниците за остварување на свои дневно-политички цели.

XS
SM
MD
LG