Линкови за пристапност

Профил на Џон Мекејн: политичарот кој се враќа во игра секогаш кога ќе го отпишат 


Републиканскиот претседателски кандидат Џон Мекејн заостанува зад ривалот Барак Обама во анкетите. Аналитичарите велат - и покрај тоа што е воен херој со искуство во надворешната политика - економската криза фрла сенка на неговата кандидатура. Па сепак, способноста да се врати во игра по навидум несовладливи пречки е заштитен знак на животната и политичка кариера на Мекејн.

Роден во 1936-та. Син и внук на американски морнарички адмирали, Мекејн поаѓа по ист пат – најпрвин морнаричка академија, а потоа пилот во Виетнамската војна. Откако беше соборен во Северен Виетнам во 1967-ма, мина пет години во тортура како воен заробеник. Дома беше пречекан како национален херој.

-Можам веднаш да почнам да работам. Не ми треба обука за функцијата. Сум видел зло. Знам што е војна. Тоа ќе биде клучно. Затоа ќе бидам претседател на САД, вели Џон Мекејн.

Кампањата на Мекејн става акцент на неговото искуство во надворешната политика и одбраната. Но, финансиската криза го сврте вниманието во претседателската трка.

Алан Лихтман, историчар за претседателски избори од Американскиот Универзитетот во Вашингтон коментира:

-Економската криза го сврти фокусот од Ирак и од националната безбедност, каде Мекејн е најсилен, кон економијата и здравствената заштита, што не му е најсилна страна.

Во финишот на кампањата, Мекејн го напаѓаше Обама по економски прашања, особено за планот да ги зголеми даноците за Американците со високи примања:

-Тој верува во прераспределување на богатството, а не во политика на растеж на економијата и отворање работни места и можности за сите Американци.

Мекејн се обидува да се дистанцира од претседателот Буш, но затоа Обама не пропушта прилика во секое обраќање да го поврзе со економската политика на сегашната влада. Алан Лихтман во тој контекст додава:

-Историски, ниту една партија која ја држела Белата Куќа не победила на избори кога Американците не биле задоволни со ситуацијата. Навистина, сите карти се против Џон Мекејн.

Некои критичари забележуваат и дека на 72-годишна возраст, сенаторот од Аризона е престар за претседател. Па сепак, способноста да се врати во игра по навидум несовладливи пречки е заштитен знак на животната и политичка кариера на Џон Мекеј

XS
SM
MD
LG