Линкови за пристапност

Македонија:  уставни промени во изборот на претседател


Уставот на Република Македонија е пред нова промена - овојпат во членовите што ги определуваат правилата за избор на претседател на државата.

Уставната комисија на Собранието даде зелено светло цензусот за избор на претседател на Републиката да се намали: од актуелните 50 проценти од гласачите, на 40. Промената се прави по препораките на ОБСЕ и ОДИХР, а со цел да се избегнат неправилностите во изборниот процес што беа каратеристични во досегашните избори за претседател на државата. Пред Уставната комисија овие причини ги образлагаше министерот за правда Михајло Маневски:

- Тоа е и препораката на ОДИХР/ОБСЕ по претседателските избори во 2004-та година – Република Македонија да го отстрани овој цензус во вториот круг на гласање за избор на претседател, предупредувајќи на можноста од неуспешни претседателски избори.

Опозицијата ја даде својата согласност, но воедно изрази загриженост поради можноста овие измени да доведат до нерамнотежа во поделбата на власта, како и до намалување на актулените ингеренции на фукцијата преседател на државата.

- Дали ќе одиме со јакнење на функцијата претседател заради балансот во извршната власт, познат во историјата од Платон до денес. Јас тоа не сум го измислил. Колку е поголема власта, толку повеќе се злоупотребува, смета претседателот на Новата социјадемократска партија Тито Петковски.

- Намалувањето на цензусот дури и под 40 проценти кај мене отвора една дилема дали веќе не ја поместуваме уставната позиција на претседателот, вели Цветанка Иванова од СДСМ.

Оваа измена на Уставот беше договорена на последната средба на лидерите на најголемите политички партии во Собранието на Република Македонија.

XS
SM
MD
LG