Линкови за пристапност

Градина-ризница на свежа храна среде Вашингтон


Со зголемените цени на горивото и транспортот, а со тоа и на храната, во САД станува се` попопуларно локалното одгледување на овошје и зеленчук. Во главниот град Вашингтон, група луѓе на ваков начин искористи празна парцела, за да ја создаде Градината на Седмата улица.

Лиз Фалк, која магистрирала на природни ресурси и самоодржлив развој, раскажува како дошла на идеја да обезбеди свежа храна за сограѓаните со ниски примања:

- Во градот има многу организации што им помагаат на сиромашните со храна, но тие најчесто нудат конзервирана, а не свежа.

Откако сопственикот на парцелата во ова осиромашено соседство во градот дал дозвола, првите семиња на Градината на Седмата улица на триста метри квадратни биле засадени минатата година. Во неа работат околу 300 доброволци:

- Од Вашингтон, но и од околината. Доаѓаат да научат за градинарството и истовремено да помогнат во проектот, вели Лиз Фалк.

Лиа Комерфорд работи за правна фирма во Вашингтон:

- Цела недела работам во затворена просторија, пред компјутерот. Сакав да работам како доброволец, некаде надвор. Се надевам дека заедницата ќе има корост од мојот придонес.

Секоја недела, жетвата се доделува на граѓанското здружение Леб за градот, кое им помага на сиромашните со храна. Градината на Седмата улица нуди и хортикултурна обука за граѓани со ниски примања и часови по градинарство за деца и возрасни.

XS
SM
MD
LG