Линкови за пристапност

Ново истражување бара најефикасен третман за анорексијата


Во САД 10 милиони жени и еден милион мажи секојдневно се борат на живот и смрт поради нарушување на исхраната како резулутат на анорексијата. Но, ова не е болест само на западните земји.

Во секој киоск за весници - слики на убави и многу слаби девојки на насловните страници. Ова влијае на начинот на кој жените и девојчињата гледаат на себе. Истражувањата покажуваат дека 80 отсто од нив не се задоволни со своето тело. Не сите, но некои развиваат нарушување во исхраната.

Анорексијата е психијатриска болест што може да има фатални последици. Пациентите мислат дека се дебели, иако не се. Прегладнуваат и претеруваат со вежбање. Се доведуваат до состојба на неухранетост, остеопороза и срцеви болести. Неретко, може да настапи прерана смрт или самоубиство.

Тони Сајбер сфатила дека и` треба помош кога се разбудила од кома предизвикана од анорексија:

- Кога ќе стигнете до одредена точка, веќе не можете да прекинете. Добивате еден вид еуфорично чувство гледајќи на вагата чија стрелка оди надолу секое утро.

Недостиг на самодоверба и тешкотии во односите се фактори на ризик, но некои стручњаци велат дека притисокот на културата на глорификација на слаботијата е најсилниот фактор. Само 25 проценти од пациентите целосно се опоравуваат.

Во тек е најголемо истражување досега за третманот на оваа болест. Со него раководи Дениз Вилфил од Универзитетот Вашингтон во Сент Луис. Таа вели дека навидум резултатите се подобри ако семејството на пациентот е обединето и вклучено. Но, има и други стратегии. Еден третман е фокусиран на лековите за анксиозност и депресија поврзани со анорексијата, друг на односот кон храната.

Надежта е дека ова истражување конечно ќе донесе подобар третман за анорексијата и поголеми шанси за излекување.

XS
SM
MD
LG