Линкови за пристапност

Парламентарна расправа за законот за лустрација


Сите избрани и именувани функциионери, на државно и на локално ниво, воени и цивилни лица, раководни старешени во АРМ и во МВР, директори и членови на УО на претпријатија што ги основа државата, на јавниот радиодифузен сервис, нотари и извршители, ќе мора да исполнуваат уште еден услов, да не биле соработници на тајните служби од периодот 1944 година до денес.

Ова го предвидува законот за лустрација, кој денеска е пред пратениците и кој се очекува попладнево да биде усвоен едногласно.

Законот за утврдување дополнителен услов за вршење јавна функција, како што е насловот на овој закон, е заеднички проект на сите пратенички групи, чиј иницијатор и предлагач е Стојан Андов.

Време е да се расчисти со недемократското минато, рече Васко Шутаров од ВМРО ДПМНЕ:

-И заради повисокиот степен на општествена правичност и заради зацврстување на демократската свест кај граѓаните и зарди поголемиот капацитет на институциите на државата.

На денешната расправа, пратениците од сите пратенички групи имаа само пофалби за процедурата на неговото донесување и за неговата содржина:

-Сето тоа што е најважно не беше направено само формално. Најголем дел од забелешките се вградени во овој закон и мислам дека тоа е добро.

-Затоа што овој закон не е репресивен и не ги осудува оние кои извршиле кривични дела против човештвото, или ги погазиле човековите права кои се загарантирани со Уставот на РМ, велат Роза Топузова Каревка од ЛДП и Тахир Хани од ДУИ.

И од СДСМ сметаат дека законот е демократска придобивка, со предупредување тој да не се користи за политички пресметки:

-За да не се претвори овој закон од инструмент на демократијата, во инструмент за политички пресметки, рече Цветанка Иванова.

Веродостојноста на изјавите на лицата на кои се однесува посебниот услов ќе ја проверува комисија составена од претседател, заменик и седуммина членови.

Законот за лустрација ќе се применува пет години.

XS
SM
MD
LG