Линкови за пристапност

Уште едно лице почина од птичји грип во Турција


Турските здравствени работници потврдија дека тестовите извршени над 12-годишно девојче што почина во неделата покажуваат дека таа била заразена од птичји грип.

Грипот во Турција досега однесе 4 човечки животи, а 16 лица се водат како инфицирани.

Во Индонезија, пак, властите сооштија дека од птичји грип починало 13-годишно девојче, но дека тестовите не покажале дали таа била заразена со смртоносниот вид на вирус Х5Н1 што во оваа земја досега однесе 12 човечки животи.

Во Израел, лекарите вршат тестови врз лице од Источен Ерусалим кој бил во допир со живина, а кој би можел да биде првиот тамошен случај на птичји грип.

Светската банка во време кога расте загриженоста поради новите инфекции најави дека планира да собере преку една милијарда долари во донации на глобалната конференција против грипот во Пекинг.

XS
SM
MD
LG