Линкови за пристапност

Aмерикански војник уапсен за време на неовластена посета во пристанишниот град Владивосток


Армијата на САД потврди дека еден американски војник бил уапсен минатата недела за време на неовластена посета на рускиот далечен источен пристанишен град Владивосток, што стана вториот неодамна уапсен Американец во Русија.

Наредникот Гордон Блек бил стациониран во Јужна Кореја и се пријавил дека ќе замине од базата на 10 април на пат кон Форт Кавазос, Тексас.

Наместо да се врати во континенталните Соединетите Американски Држави, Блек летал преку Кина до Владивосток од „лични причини“.

Американски официјални лица изјавија за Гласот на Америка дека се чини дека отпатувал во Русија за да се види со жена со која бил романтично поврзан.

Белата куќа во вторникот потврди „два одвоени случаи“ на приведени американски државјани во Русија, без да го идентификува вториот уапсен.

XS
SM
MD
LG