Линкови за пристапност

Почнаа операциите на руско влијание врз изборите во САД, вели „Мајкрософт“


Руската амбасада во Вашингтон не одговори на барањето за коментар, но Кремљ минатиот месец рече дека нема да се меша во ноемвриските избори во САД
Руската амбасада во Вашингтон не одговори на барањето за коментар, но Кремљ минатиот месец рече дека нема да се меша во ноемвриските избори во САД

„Мајкрософт“ соопшти дека руските онлајн кампањи за влијание на претстојните претседателски избори во САД започнале во текот на изминатите 45 дена, но со побавно темпо отколку на минатите избори.

Профилите поврзани со Русија шират поделена содржина насочена кон публиката на САД, вклучително и критикување на американската поддршка на Украина во нејзината војна со Русија, велат истражувачите од технолошкиот гигант во извештајот.

Руската амбасада во Вашингтон не одговори на барањето за коментар, но Кремљ минатиот месец рече дека нема да се меша во ноемвриските избори во САД.

Тој, исто така, ги отфрли американските наводи дека организирал кампањи за да влијае на претседателските избори во САД во 2016 и 2020 година.

Иако руската активност што ја забележа „Мајкрософт“ не е толку интензивна како на претходните избори, таа може да се зголеми во наредните месеци, велат истражувачите.

„Пораките во врска со Украина - преку традиционалните медиуми и социјалните медиуми - се зајакнаа во последните два месеца со тајни и отворени кампањи од најмалку 70 групи поврзани со Русија што ги следиме“, рече „Мајкрософт“.

Најплодната од таквите руски кампањи е поврзана со претседателската администрација на Русија, додаваат тие.

Друга е насочена кон објавување дезинформации на интернет на различни јазици, при што објавите обично започнуваат со наводен свиркач или новинар кој објавува содржина на видеоканал.

Таа содржина потоа е покриена од мрежа на веб-страници кои ги вклучуваат DC Weekly, Miami Chronical и The Intel Drop.

„На крајот, откако наративот ќе циркулира на интернет низа денови или недели, американската публика ја повторува и повторно ја објавува оваа дезинформација, веројатно несвесна за нејзиниот оригинален извор“, рече „Мајкрософт“.

Злонамерната употреба на вештачка интелигенција од страна на странски ривали насочени кон изборите во САД е клучна загриженост наведена од американските политички набљудувачи.

Аудиоманипулациите имаат поголемо влијание од видеото, се додава.

„Наједноставните манипулации, а не најкомплексното користење на вештачката интелигенција, најверојатно ќе бидат деловите од содржината што ќе имаат најголемо влијание“.

XS
SM
MD
LG