Линкови за пристапност

Во руски ракетен напад во Чернихив најмалку 14 загинати


Украинските власти соопштија дека во средата смртоносен руски ракетен напад го погодил северниот град Чернихив.

Градоначалникот на Чернихив, Олександр Ломако, на Телеграма изјави дека во нападот загинале најмалку 14 лица, а најмалку 61 се повредени.

Вјачеслав Чаус, регионалниот гувернер, рече дека неколку проектили погодиле во близина на центарот на градот.

„Има жртви меѓу цивилите и многу повредени“, рече Чаус.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски упати сочувство за жртвите на социјалните мрежи и го повтори својот повик до сојузниците да ѝ дадат помош на Украина за да се одбрани од руските ракетни и беспилотни напади.

„Ова немаше да се случи доколку Украина добиеше доволен број системи за противвоздушна одбрана и ако беше доволна решеноста на светот да се спротивстави на рускиот терор“, рече Зеленски.

„Терористите можат да згаснат животи само ако прво ги заплашат оние кои можат да го запрат теророт и да спасат животи. Одлучноста е важна. Поддршката е важна“, изјави тој.

Зеленски во своето обраќањето до нацијата во вторникот рече дека ќе побара состанок на Советот НАТО-Украина „за да се разговара за заштитата на небото, снабдувањето со противвоздушна војна, релевантните системи и ракетите“.

XS
SM
MD
LG