Линкови за пристапност

Зеленски го повика Трамп да ги види последиците од војната


Трамп, кој бара реизбор во 2024 година и е водечки кандидат за претседателска номинација на неговата партија, остро ја критикуваше американската поддршка за Киев и рече дека би можел да ја заврши војната за 24 часа доколку биде реизбран
Трамп, кој бара реизбор во 2024 година и е водечки кандидат за претседателска номинација на неговата партија, остро ја критикуваше американската поддршка за Киев и рече дека би можел да ја заврши војната за 24 часа доколку биде реизбран

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика САД да обезбедат повеќе средства за да им помогнат на неговите сили да се спротивстават на Русија и го покани поранешниот американски претседател Доналд Трамп да долета за да ги види сам размерите на конфликтот.

Зеленски рече дека американските војници на крајот би можеле да бидат вовлечени во поголем европски конфликт со Русија доколку Вашингтон не ја зголеми поддршката.

„Ако Русија не` убие сите нас, тие ќе ги нападнат земјите на НАТО, а вие ќе ги испратите вашите синови и ќерки [да се борат]“, рече Зеленски според транскриптот од интервјуто за „Ен-Би-Си“ емитувано вчера.

Американскиот претседател Џо Бајден, демократ, изврши притисок врз американскиот Конгрес да го усвои предлог-законот за дополнителни трошоци од 106 милијарди долари, при што најголемиот дел од парите ќе бидат наменети за зајакнување на одбраната на Украина, а остатокот поделен меѓу Израел, Индо-Пацификот и обезбедувањето на границите.

Претставничкиот дом на САД, предводен од републиканците, наместо тоа, изнесе сопствен план за финансирање.

Минатата недела го усвои законот за обезбедување помош од 14,3 милијарди долари за Израел, но не вклучи никакво зголемување на помошта за Украина.

Американскиот сенатор Чак Шумер, лидер на мнозинството во Сенатот под контрола на демократите, рече дека нема да го донесе предлог-законот на Претставничкиот дом на гласање и Бајден вети дека ќе стави вето.

Во интервјуто емитувано во неделата, Зеленски го покани поранешниот американски претседател Доналд Трамп, републиканец, да ја посети Украина и да ги види последиците од конфликтот што го иницираше рускиот претседател Владимир Путин во февруари 2022 година.

Трамп, кој бара реизбор во 2024 година и е водечки кандидат за претседателска номинација на неговата партија, остро ја критикуваше американската поддршка за Киев и рече дека би можел да ја заврши војната за 24 часа доколку биде реизбран.

„Ако може да дојде овде, ќе ми требаат... 24 минути да му објаснам на претседателот Трамп дека не може да се справи со оваа војна“, рече Зеленски.

„Тој не може да донесе мир поради Путин“.

XS
SM
MD
LG