Линкови за пристапност

Арапскиот свет изрази поддршка за Газа


Јордан во меѓувреме испрати помош во Египет за палестинските жители на Газа, според ТВ Ал Арабија,
Јордан во меѓувреме испрати помош во Египет за палестинските жители на Газа, според ТВ Ал Арабија,

Палестинците добиваат поддршка од различни делови на арапскиот свет додека конфликтот меѓу Хамас и Израел влегува во петтиот ден.

Египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри на прес-конференцијата со италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани, кој е во посета на земјата, изјави дека претставниците на двете страни „разговарале за потребата од запирање на ескалацијата на конфликтот во Газа“ и за „сериозноста на уништувањето и нападите врз цивилите“.

Тие исто така повикаа на примена на „меѓународното право во однос на третманот на цивилите во време на војна“.

Јордан во меѓувреме испрати помош во Египет за палестинските жители на Газа, според ТВ Ал Арабија.

Не е јасно како Египет планира да ја дистрибуира помошта.

Границата меѓу Египет и Газа е затворена, а во изминатите неколку дена имаше извештаи за гранатирање во близина на границата.

Во Сирија, владината телевизија емитуваше, како што ја нарече, „студентски демонстрации“ во главниот град Дамаск, при што неколку стотици студенти извикуваа слогани за поддршка на Палестинците и вееја палестински знамиња.

Студентите изјавија дека дошле од Универзитети низ целата земја за да го поддржат палестинскиот народ.

XS
SM
MD
LG