Линкови за пристапност

Врховниот суд расправа за укинување на студентскиот долг на милиони Американци


Се проценува дека програмата ќе чини 400 милијарди долари за 30 години
Се проценува дека програмата ќе чини 400 милијарди долари за 30 години

Врховниот суд расправа околу планот на претседателот Џо Бајден да ги избрише или намали студентските заеми што ги поседуваат милиони Американци.

Високиот суд, со своето конзервативно мнозинство 6-3, денес ги сослушува аргументите за две оспорувања на планот, кој досега беше блокиран од судиите на пониските судови назначени од републиканците.

Расправата треба да трае два часа, но најверојатно ќе трае многу подолго. Јавноста може да слуша на веб-страницата на судот.

Дваесет и шест милиони луѓе аплицирале, а на 16 милиони им е одобрено да им бидат простени до 20.000 американски долари федерални студентски заеми, соопшти администрацијата на Бајден. Се проценува дека програмата ќе чини 400 милијарди долари за 30 години.

„Уверен сум дека има законско овластување за спроведување на тој план“, рече Бајден вчера, на настанот по повод одбележувањето на месецот на црната историја.

Претседателот, кој некогаш се сомневаше во сопствените овластувања за општо укинување на студентскиот долг, првпат ја објави програмата во август.

Извор: АП

XS
SM
MD
LG