Линкови за пристапност

Експлозија после концерт во Британија, има и жртви


Инцидентот се случил по настапот на познатата пејачка Аријана Гранде

Британската полиција соопшти дека вечерва се случила огромна експлозија во концертна сала во Манчестер, Велика Британија, каде настапувала позната поп-пејачка Аријана Гранде. Надлежните органи додадоа дека инцидентот се случил неколку минути по завршувањето на концертот.

Малку детали се достапни, но властите ги предупредуваат луѓето да се држат настрана од оваа област.

Британската полиција изјавила дека постојат голем број потврдени смртни случаи, како и повеќе повредени лица, јави Ројтерс.

Според новинската агенција, портпаролот на Гранде изјавил, "Аријана е добро. Се' уште се истражува што се случило".

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG