Линкови за пристапност

САД остануваат пријател на Балканот


Хојт Ји, заменик-помошникот државен секретар во Стејт департментот, ова го кажа на распит во Поткомисијата за надворешни односи во Конгресот

САД остануваат на заложбата балканските држави вклучувајќи ја и Македонија, да го забрзаат процесот за евроатланска интеграција.

“Ние им помагаме да ги постигнат нивните цели. Ние не им кажуваме што да прават, дека мора да влезат во НАТО или ЕУ, но дека мора да исполнат одредени стандарди, ако сакаат да напредуваат. Русија е фундаментално против она што овие држави се обидуваат да го направат, и во тоа е разликата. САД се обидуваат да им помогнат да се приклучат кон Запад, а Русија ги одвлекува наназад”, рече Хојт Ји, заменик-помошникот државен секретар за Европа и Евроазија во американскиот Стејт департмент.

Давањето на мандатот за формирање влада на парламентарното мнозинство е основен демократски принцип, а македонскиот претседател Ѓорге Иванов го испочитува тоа.

“Се’ до денеска претседателот на Македонија не го доделуваше мандатот. Во тој контекс САД заедно со европските партнери повикуваа, шефот на државата да го почитува Уставот, да ги почитува европските демократски норми”, додаде високиот претсавник на американската влада.

Со денешниот распит претседаваше републиканскиот конгресмен Дана Рорабакер.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG