Линкови за пристапност

Трилерот „Претседателот го нема“ ќе излезе од печат во јуни 2018-та година

Поранешниот претседател Бил Клинтон соработува со авторот Џејмс Петерсон на нов роман, трилерот „Претседателот го нема“, која се очекува да излезе во продажба во јуни следната година.

Од издавачката куќа рекоа дека Клинтон изјавил оти било мошне интересно да се работи на оваа книга.

Петерсон изјави дека работењето со претседателот Клинтон претставува „врв во неговата кариера“, и оти Клинтон ќе им даде на читателите „поглед одблизу како е да се биде претседател“.

Ретко е да се види роман напишан од поранешен претседател, но не е необично. Поранешниот претседател Џими Картер објави историски роман „Гнездото на Хорнест“ во 2003-та година.

Маргарет Труман, ќерка на поранешниот претседател Хари Труман имаше успешна кариера со сериите „Криминалните мистерии во главниот град“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG