Линкови за пристапност

Врховен ги одби сите приговори на судиите од Основниот суд


Предметите кои ги води СЈО ќе ги работат судии кои се спомнуваат во т.н. „бомби“ и за кои ова обвинителство има најмногу жалби и барања за изземање.

Претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, останува во Кривичниот совет што ќе одлучува по притворот на сопственикот на телевизијата НОВА , Сеад Кочан, кој е во бегство откако беше осомничен од СЈО за финансиски криминал тежок 17 милиони евра во случајот „Труст“. СЈО бараше изземање на Вангеловски од Кривичниот совет со образложение дека тој е опфатен со прислушуваните разговори, откако беше објавена т.н. „бомба“ во која тој договара предмет со тогашниот мининстер за транспорт и врски Миле Јанакиевски заради што СЈО кажа дека можел да биде пристрасен при одлучувањето.

Лидија Неделкова, судијка во Врховниот суд, поднесе приговор на одлуката на Вангеловски со која тој ја отстранува од Кривичниот совет и од предметот за Кочан кој и` беше доделен за работа. Одлуката на Вангеловски беше соопштена откако Неделкова се произнесе дека исклучиво СЈО е надлежно да постапува по овој предмет.

На денешната седница во Врховниот суд, која беше затворена за јавноста, нејзиниот приговор беше одбиен.

Денеска, експресно одбиени беа сите 17 приговори кои ги поднесоа и судиите од скопскиот Основен суд а кои се однесуваа на новиот годишен распоред за работење во судот донесен од новоизбраниот в.д. претседател Стојанче Рибарев.

Од Врховниот суд излегоа само со кусо соопштение во кое не беа наведени причините за одлуките.

Неколкумина од судиите кои вложија приговори а со кои контактиравме изјавија дека засега нема да ја коментираат одлуката на Врховниот суд. Нивниот молк ќе трае се додека не им бидат доставени образложенијата на одлуките.

Сепак тие не криеја дека веруваат оти оваа одлука се коси со претходната на Врховниот суд, од минатиот месец,во која беа прифатени нивните жалби во однос на распоредот кој беше донесен во февруари годинава и потоа поништен.

Превирањата во скопскиот Основен суд траат со месеци. Судот има в.д. претседател откако му истече мандатот на досегашниот - Владимнир Панчевски, а не беше објавен конкурс за нов.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG