Линкови за пристапност

Шведските власти велат дека се работи за терористички акт

Четири лица загинаа, а 15 се повредени во Стокхолм, Шведска, кога камион влетал во трговски центар.

Полицијата го потврди инцидентот, како и информациите дека има повеќе повредени, а издаде и предупредување да се избегнува движење во центарот на градот.

Шведскиот премиер Стефан Лофвен инцидентот го опиша како „терористички напад“. „Владата прави се` што е во нејзина моќ, да најде одговори“, рече тој. Засега е уапсено едно осомничено лице.

Шведските медиуми јавуваат дека има најмалку пет жртви и дека биле регистрирани истрели од огнено оружје.

Камионот удрил во аголот на стоковната куќа „Аленс“ во Дротнингатан, најголемата пешачка улица во градот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG